Линкови за пристапност

28 грузиски војници во Авганистан заразени со коронавирус


Грузија е најголем придонесувач во воената мисија на НАТО сочинета од 38 држави која не е членка на Алијансата.

28 грузиски војници се заразени од коронавирус во мисијата на НАТО во Авганистан. Тие се префрлени во нивната држава е се наоѓаат на лекување во воена болница, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Грузија.

Нивната здравствена состојба е опишана како „задоволителна“. Портпаролот од воената Алијанса која не е вклучена во борбени операции, упати на понатамошни детали за нивната состојба кон грузиските воени власти.

Грузија е најголем придонесувач во воената мисија на НАТО сочинета од 38 држави која не е членка на Алијансата. Оваа земја има околу 900 војници стационирани во Авганистан.

Заклучно со денес, бројката на заразени војници во Авганистан е околу 34.000, од кои речиси 1000 починаа.

НАТО ја интензивира соработката со авганистанските сили во борбата против пандемијата за обезбедување намирници и опрема за медицинскиот персонал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG