Линкови за пристапност

Официјалната аутопсија од Минесота за Флојд е убиство од трет степен


Флојд, 46-годишен Афроамериканец, почина минатата недела со лисици на рацете откако белиот полицаец Дерек Чавин со колено го притискаше на вратот неколку минути додека беше приведуван.

Официјални лица во сојузната држава Минесота ја окарактеризираа смртта на Џорџ Флојд како убиство од трет степен и убиство без умисла, истакнувајќи дека страдал од недостиг на проток на крв поради притисокот врз вратот додека бил приведуван од полицијата.

Флојд, 46-годишен Афроамериканец, почина минатата недела со лисици на рацете откако белиот полицаец Дерек Чавин со колено го притискаше на вратот неколку минути додека беше приведуван. Неговата смрт, снимена од случајни минувачи, предизвика жестоки демонстрации во десетина американски градови, а некои од нив се претворија во насилни.

Извештајот од медицинскиот вештак при општината Хенепин посочи дека Флојд починал од „срцев удар поттикнал од компресија врз вратот за време на приведувањето“. Понатаму се додава дека Флојд страдал од срцеви проблеми, и му било пронајдено користеше на фентанил и метамфетамин, но тие состојки не се на листата на фактори кои воделе до смрт.

Последниот извештај ги поништи претходните наоди на општината, кои укажуваа дека смртта на Флојд е комбинација од мерката за приведување, неговата здравствена состојба и потенцијалното количество на дрога во крвта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG