Линкови за пристапност

Европскиот суд ѝ дозволува на Британија да се премисли за Брегзит


Европскиот суд на правдата денеска пресуди дека Велика Британија може да се откаже од Брегзит и да остане во рамките на Европската унија.

„Обединетото кралство има право еднострано да се повлече од намерата за напуштање на ЕУ“, се вели во одлуката на Судот во Луксембург.

Според судската одлука, статусот на Британија во Унијата би останал непроменет, односно би останале да важат истите услови под кои земјата и до сега беше дел од ЕУ.

Решението од Луксембург доаѓа ден пред гласањето во Британскиот парламент, каде треба да се одлучи дали договорот за Брегзит, што премиерката Тереза Меј го постигна со Брисел, ќе добие зелено светло.

Исходот од гласовите во парламентот ќе го дефинира евентуалното заминување на земјата од ЕУ, а се очекува да ја одреди и политичката кариера на премиерката Меј.

Британија во 2016 година одржа референдум за напуштање на заедницата од европски земји, по што во март 2017 година го почна двегодишниот процес.

XS
SM
MD
LG