Линкови за пристапност

Средби на шефови на дипломатии на Г-7 во Лондон


„Поминаа осум години, откако Велика Британија, нашиот незаменлив сојузник, беше домаќин на претседателството на Г-7“, напиша Блинкен на твитер по пристигнувањето во Британија

Државниот секретар Антони Блинкен е во Лондон, на средби со неговите колеги од Г-7. Корона вирусот, Русија, Кина се меѓу темите кои што ќе доминираат на тридневните формални средби и дискусии на маргините на собирот.

Иран и Северна Кореја, двете нации чии нуклеарни програми беа во фокусот на преговорите изминатите месеци, ќе бидат тема на работната вечера.

Блинкен се среќава со јапонскиот шеф на дипломатијата Тохимитцу Мотеги, при што се очекува да наметне загриженоста за нуклеарните и проектилите со балистички глави“ на агендата, како и прашањата за соработката со Јужна Кореја.

„Поминаа осум години, откако Велика Британија, нашиот незаменлив сојузник, беше домаќин на претседателството на Г-7“, напиша Блинкен на твитер по пристигнувањето во Британија, „Добро е да си меѓу партнери и сојузници на овие дискусии“, рече тој.

Британскиот Форин офис објави дека Рааб и Блинкен ќе дискутираат за Авганистан, Иран, Кина и трговските односи за време на нивната средба.

Министерските разговори на Г-7 ја поставуваат основата за Самитот на лидерите од овие држави во јуни, исто така во Британија.

Стејт департментот објави дека овонеделните средби се шанса за дискусија за „напредок на економскиот растеж, човековите права, безбедноста на храната, половата еднаквост и промовирање на правата на жените и девојчињата.

По средбите на Г-7, Блинкен патува за Украина каде ќе има средба со претседателот Володимир Зеленски и други виши официјални лица, при што се очекува Блинкен, според портпаролот на Стејт департментот да ја реафирмира „безрезервната поддршка на САД за територијалниот интегритет на Украина во време на постоечката руска агресија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG