Линкови за пристапност

Блинкен ќе отпатува во Украина во време на зголемена руска агресија


Американскиот државен секретар ќе се сретне со Зеленски со цел да ја повтори заложбата на САД за украинскиот суверенитет и територијален интегритет

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен следната недела ќе оди во Украина, во време кога Вашингтон е во тесна координација со Киев околу неодамнешното зголемување на руски војници покрај украинската граница.

Блинкен ќе ја посети Украина на 5-ти и 6-ти мај, каде треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, министерот за надворешни работи и други официјални лица, како и со претставници на граѓанското општество.

„Целата е да се повтори заложбата на САД за украинскиот суверенитет и територијален интегритет во време на руска агресија“, изјави портпаролот на Стејт департмент Нед Прајс.

САД одблизу ги следат потезите на Русија, откако Москва минатата недела најави дека ќе почне да ги повлекува нејзините трупи од границата со Украина.

Блинкен, исто така, се очекува да го охрабри прогресот на Киев во однос на институционалните реформи, осоебно во борбата против корупцијата, која е клучна за да се осигураат украинските демократски институции, економски напредок и евроатлантската иднина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG