Линкови за пристапност

Фридом хаус, 2020: Северна Македонија – хибриден режим во транзиција


Најголемо уназадување во Србија, Црна Гора и Унгарија за падот на демократските стандарди

Северна Македонија, но и Косово имаат напредок во областите на независните медиуми и изборниот процес, но и натаму важат за хибридни режими во транзиција, наведено е во најновиот извештај на Фридом Хаус во 2020-та, насловен како: „Нации во транзиција“.

Мајкл Смелцер, известувачот за оваа невладина организација со седиште во Вашингтон, за Гласот на Америка, оцени дека најголем пад има во Албанија, Србија, и Црна Гора од сите балкански држави. „Србија и Црна Гора, имаа уназадување во борбата против корупцијата. Има недостиг од ефикасна акција за случаи поврзани со корупција на највисоко ниво“, наведува Смелцер.

Според Фридом хаус, единствени земји кои имаат напредок во регионот се Северна Македонија и Косово. „Нации во транзиција“, посочува дека ова се единствените земји од регионот кои оствариле напредок во однос на минатогодишниот извештај (напредокот на Македонија изнесува 1 процент).

Сепак, во него се наведува дека неодамнешниот развој на политичката сцена во овие две држави го доведува во прашање натамошниот напредок. „Во Северна Македонија поради пандемијата со коронавирусот беше одложено одржувањето на вонредните избори на 12-ти април, по оставката на премиерот Зоран Заев откако на земјата не ѝ беше доделен датум за почеток на преговори со ЕУ. На Косово, пак, беше изгласана недоверба на владата на премиерот Албин Курти, како последица од политичката криза околу несогласувањето за начинот на укинување царини за производите од Србија, мерка која ја воведе поранешната влада на премиерот Рамуш Харадинај. Во Северна Македонија во моментов има преодна, на Косово техничка влада“, се наведува во извештајот на Фридом хаус.

Влијанието на Кина на Балканот

Тој анализира дека Кина се повеќе ја користи порозноста на владините институции во државите од Балканот и се вклучува во корумпирање на политичките и економски структури во тие земји. „Во извештајот укажавме на опасноста од извозот на технологија за надзор во државите, како во Србија, или кампањата за медиумско влијание во Чешка и другите земји од Централна и Источна Европа, како и таканаречената дипломатија на задолжување во Црна Гора и Северна Македонија, каде Кина контролира значајна сума од странскиот долг во овие две држави“, наведува известувачот од Фридом хаус.

Генерално, извештајот констатира дека во целиот регион е забележан пад на демократијата, а како што е наведено, бројот на држави оценети како демократски не бил толку мал дури од 1995-та, кога првпат бил објавен ваков извештај – од вкупно 29 држави, тогаш 10 биле оценети како демократии, 10 како хибридни режими и 9 како авторитарни режими.

Дури осум земји важат за консолидирани авторитарни режими (Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Азербејџан).
Фридом хаус


Но, денес, четврт век подоцна, шест држави се оценети како демократии (Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Словачка и Словенија), четири се оценети како полуконсолидирани демократии (Полска, Романија, Бугарија и Хрватска), 10 како хибриден режим (Украина, Молдавија, Грузија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово), една држава е оценета како полуконсолидиран авторитарен режим (Ерменија). Дури осум земји важат за консолидирани авторитарни режими (Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Азербејџан).

Во категоријата хибридни режими се - Албанија и Босна и Херцеговина, додека, пак, Хрватска е единствената држава од регионот која се смета за делумно консолидирана демократија.

Од друга страна, пак, извештајот остро ги критикува Србија, Црна Гора и Унгарија, за падот на демократските стандарди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG