Линкови за пристапност

Панел на ФДА препорача вакцини против Ковид за деца од 5 до 11 години


ФДА се очекува да донесе конечна одлука во следните денови. Ако одлуката е позитивна, следната недела ќе може да почне да се вакцинираат и децата на оваа возраст.

Панел од Администрацијата за храна и лекови на САД ја препорача вакцината на „Фајзер“ против коронавирус, за деца на возраст од 5 до 11 години.

ФДА се очекува да донесе конечна одлука во следните денови. Ако одлуката е позитивна, следната недела ќе може да почне да се вакцинираат и децата на оваа возраст.

Помладите деца ќе земат само третина од дозата за тинејџерите и возрасните, според фармацевтскиот гигант.

Најново истражување покажа дека таа доза е речиси 91% ефикасна за спречување на симптоматска зараза.

Иако се смета за реткост децата да се разболат тешко или да починат од ковид-19, директорот за вакцини во Администрацијата за храна и лекови Питер Маркс, претходно алсрмираше дека 1,9 милиони деца во САД на возраст од 5 до 11 години биле тестирани позитивни на ковид, а 8.300 биле хоспитализирани. Една третина од хоспитализираните, или речиси 100 деца починале.

Во меѓувреме, американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека нејзините клинички тестирања покажале оти мала доза од вакцината е безбедна за деца од 6 до 11 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG