Скопје - Владата на вчерашната 115 седница, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата и на предлог на Комисијата за заразни болести ги донесе следните заклучоци со кои се олабавуваат дел од рестриктивните мерки кои се на сила.
Дискотеките и ноќните клубови се отвараат по повеќе од петнаесет месеци пауза и ќе работат со 50 отсто од капацитетот. Исто така се дозволува и одржување на свдаби на затворено, повторно со 50 отсто од капацитетото.
Новината е што од 15 ноември за влез во речиси сите објекти и присуство на спортски, забавни и музичкии настани ќе биде потребна потврда за ревакцинација.
„Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи:
- до 14 ноември 2021 година е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест КОВИД-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето“, инфромираат од Владата.
Владата дозволи и организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.
Facebook Forum