Линкови за пристапност

Русија преку социјалните медиуми - во изборите во САД


Trump Russia Probe Social Media
Trump Russia Probe Social Media

Како Русија ги користела социјални платформи?

Адвокатите на интернет-гигантите Фејсбук, Гугл и Твитер, се состанаа со три различни конгресни комисии, за да одговорат на прашања за руските обиди за користење на платформите за ширење дезинформации за време на претседателските избори во САД. Воедно беше расправано и за тоа какви напори вложуваат овие компании, за во иднина да не се повторат ваквите настани.

Законодавците беа јасни во ставот дека користењето на платформите од страна на Русите е неприфатливо, а други, го нарекоа и акт на војна.

„Кибернетските напади се напади врз нашата држава. Тоа е акт на војна“, рече демократскиот сенатор Бен Карден.

Москва ги отфрла ставовите дека имало руски обиди за мешање во изборите во САД во 2016-та. Истовремено, уште од минатата година, американската разузнавачка заедница е обединета во ставот за наводно мешање на Москва во изборите во САД.

Твитер

Шок Еџет, главен адвокат на Твитер, пред конгресмените истакна дека неговата компанија ги анализирала сите пораки на платформата, меѓу 1-ви септември и 15-ти ноември 2016-та, и открила дека содржини со изборна содржина, постирани од профили од Русија се „незначителни“.

Според него, Твитер успеал да идентификува 36.000 профили, кои биле поврзани со Русија. Од 1,4 Твитер-пораки, само една третина или 0,33 проценти била испратени од руска територија.

Минатата недела, компанијата објави дека ќе ги пренамени 1,9 милиони долари од руски он-лајн портали на Твитер од 2011-та, во истражување на корените од дезинформирање, и како да се спречи тоа.

Фејсбук

Руската кампања за мешање на Фејсбук се состоела од околу 100.000 долари, потрошени за „лажни сметки поврзани со ИРА" на 3.000 реклами, во период од јуни 2015-та и август 2017-та, истакна адвокатот на Фејсбук, Колин Стреч. Рекламите, вели тој, промовирале околу 120 профили на Фејсбук што ги формирале руски лица и требало да се фокусираат на социјални пораки за расни прашања, имиграција и правата за оружје, што прават раздор во американското општество.

Севкупно, страниците на Фејсбук поврзани со Русија креирале околу 80.000 страници содржина, во тек на двегодишен период. Според Стреч, околу 150 милиони луѓе можеби имале пристап до содржината од ИРА, но невозможно е да се знае колку луѓе всушност ги виделе пораките на Фејсбук.

Тој рече дека вкупната содржина изнесувала околу 0,004 проценти од содржината на Фејсбук во текот на времето, и претставувала околу 1 наспрема 23 илјади содржина на платформата.

„Иако обемот на овие мислења беше мал дел од целокупната содржина на Фејсбук, секоја сума земена предвид, е преголема“, рече Стреч, истакнувајќи дека друштвото за социјални медиуми ги отстранило сметките и страниците поврзани со Истражувачката агенција на Интернет - ИРА.

„За 50 проценти од рекламите се потрошени помалку од три долари. За 99 проценти од рекламите, се потрошени помалку од 1.000 долари“, рече тој.

Фејсбук ги предаде сите руски реклами на Конгресот и вели дека процесот на истражување е во тек.

Гугл

Адвокатот на Гугл, Ричард Салгадо, изјави дека компанијата ги разгледала сите политички реклами од јуни 2015-та, па се` до изборите минатата година, барајќи ja „дури и најслабата поврзаност со Русија, како што се руските IP адреси или адреси за наплата, или употребата на руската валута“.

Компанијата откри дека две сметки за кои смета дека се „поврзани со познати или осомничени субјекти поддржани од владата“, потрошиле околу 4.700 долари за реклами поврзани со претседателските избори во 2016-та година.

Салгадо додаде дека наводното руско мешање вклучувало и употреба на YouTube, при што компанијата открила 18 канали со околу 1.100 видеа објавени од поединци. Гугл верува дека биле поврзани со Русија.

„Овие видеа најчесто имаат низок број посетители - само 3 проценти од нив имаат повеќе од 5.000 прегледи и сочинуваат само 43 часа содржина на YouTube“, изјави адвокатот на Гугл пред американските законодавци. Тој додаде дека луѓето гледаат „повеќе од една милијарда часови содржини на YouTube дневно, и дека 400 часа нови содржини се ставаат секоја минута“.

Салгадо ваквите руски видео снимки ги нарече „релативно мала содржина“, но рече дека „секоја злоупотреба на нашите платформи за оваа намена, претставува сериозен предизвик за интегритетот на демократијата на САД“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG