Линкови за пристапност

Аналитичари за „Пролетната офанзива“ на Заев: “Потребни конкретни дела, а не зборови и ветувања“


Аналитичари за „Пролетната офанзива“ на Заев
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Аналитичари за „Пролетната офанзива“

Аналитичарот, Сашо Клековски, вели дека сето ова повеќе му наликува на ВМРО ДПМНЕ, во периодот 2012-2013 година, кога бил најавуван нов бран и промени во партијата.

Лидерот на СДСМ, неодамна најави политича пролет во делувањето на партијата, кадровски промени но и засилена борба против високата корупција. Аналитичарите сметаат дека се потребни конкретни дела, а не само зборови и ветувања.

Аналитичарот, Сашо Клековски, вели дека сето ова повеќе му наликува на ВМРО ДПМНЕ, во периодот 2012-2013 година, кога бил најавуван нов бран и промени во партијата.

Пролетна офанзива и нов пресврт на политичкото делување на СДСМ и Северна Македонија, најави неодамна, Зоран Заев по добивањето на трет мандат како лидер на СДСМ, преку првите внатрепартиски избори. Тој меѓудругото вети реформа на досегашната кадровска понуда на партијата, но и редица други работи.

Ќе внесеме нова енергија на нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи...
Заев, премиер


„Ќе внесеме нова енергија на нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ, на 21 март.

Но, aналитичарот, Сашо Клековски, вели дека сето ова повеќе му наликува на ВМРО ДПМНЕ, во периодот 2012-2013 година, кога бил најавуван нов бран и промени во партијата. Според него, кога ќе почнат рејтинзите да паѓаат, партиите, се обидуваат да им понудат нешто ново на граѓаните, за да ја задржат нивната доверба.

Јас сакам да верувам дека промените кои ги најавува Заев, ќе бидат суштински, а не козметички, и дека нема да завршат како на ВМРО ДПМНЕ кога беа сменети некои директори на трето ниво, или слични службеници
Клековски, аналитичар


„Јас сакам да верувам дека промените кои ги најавува Заев, ќе бидат суштински, а не козметички, и дека нема да завршат како на ВМРО ДПМНЕ кога беа сменети некои директори на трето ниво, или слични службеници, а во врвните ешалони на власта не се смени ништо и не се смени ништо во политиките кои предизивикуваат, незадоволство “, вели Сашо Клековски, аналитичар.

Професорот, Мерсел Биљали, смета дека во секоја елементарна политика, треба да се пренесат ставови кои оптимистички ќе дејствуваат кај луѓето, но....

„Мислам дека тие се повеќе најави за пред јавноста, бидејки ние за брзо ќе се соочиме со локални избори, ако не и со парламентарни избори. Ние, оваа година ќе имаме избори и мора да се прати некаква порака. Дај боже ова да се случи, но изгледа луѓето се скептични многу на било какви ветувања“, коментира, професорот Мерсел Биљали.

Во однос на најавите за засилена борба против високата корупција -

Ако сака Заев да демонстрира пресврт во однесувањето тогаш мора да демонстрира дека ќе се реши висок случај на корупција во неговото опкружување не во минатата власт
Клековски, аналитичар


„Само со конечни и правосилни пресуди на случаи на висока корупција, можеме да зборуваме за напредок понатаму. Ние 30 години, вербално сме за борба против корупцијата, која завршува можеби со некое апсење на сестра или доктор за примање на мито. Ако сака Заев да демонстрира пресврт во однесувањето тогаш мора да демонстрира дека ќе се реши висок случај на корупција во неговото опкружување не во минатата власт'“, оценува Сашо Клековски, аналитичар.

Луѓето не сакаат веќе да слушаат зборови, сакаат конкретни работи, конкретни дела.
Биљали, аналитичар


„Мислам дека тоа е некаков рефрен, кој луѓето го научија напамет. Луѓето не сакаат веќе да слушаат зборови, сакаат конкретни работи, конкретни дела. Ние не видовме дека луѓето поврзани со минатата власт, кои беа длабоко поврзани со коруптивни скандали, дека вратиле дел од тој капитал. Мораме да гледаме нешто конкретно, а тоа за жал се уште го немаме“, заклучува професорот Мерсел Биљали.

Биљали смета дека е потребна силна и цврста опозиција, за која вели дека цело време игра на картата на мек или толерантен национализам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG