Линкови за пристапност

Софија ја реализираше заканата – го блокираше почетокот на преговори Европска Унија - Северна Македонија


„Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со Република Северна Македонија, како и одржувањето на првата меѓувладина конференција, затоа што предложениот нацрт не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма, изјави шефицата на дипломатијата

На денешниот видео-состанок на министрите за европски работи на земјите-членки на Унијата, Бугарија се спротивстави на усвојувањето на предлог-преговарачката рамка за земјава со што засега, фактички се оневозможува одржување на првата Меѓувладина конференција. Ваквата одлука ја потврди самата шефица на бугарската дипломатија, образложувајќи дека во предлог-рамката изготвена од германското претседателство со Унијата не биле содржани трите услови што ги бара Софија.

Бугарија инсистира да се утврдат три услови во преговарачката рамка со земјата и тоа придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство, утврдување план за спроведување на Договорот од 2017 година и многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија.
Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија


„Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи преговарачката рамка со Република Северна Македонија, како и одржувањето на првата меѓувладина конференција, затоа што предложениот нацрт не ги одразува бугарските барања и не може да биде поддржан во сегашната форма. Бугарија инсистира да се утврдат три услови во преговарачката рамка со земјата и тоа придржување кон формулацијата за јазикот од 1999 година, потврдена и со Договорот за пријателство и добрососедство, утврдување план за спроведување на Договорот од 2017 година и многу јасен и прецизен текст дека нема да има претензии за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови се уште не се вклучени во нацрт-преговарачката рамка.“, изјави Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија.

Првото прашање, е употребата на краткото име на Република Северна Македонија, а второто е именувањето на македонскиот јазик. Околу овие прашања има неколку аспекти кои се од билатерална природа, но морам за нив да зборувам. Преговарачката рамка претставува голем, историски чекор и го рефлектира Преспанскиот договор, но и делови од договорот со Бугарија.
Рот, претседавач со Советот на Европа


Германското претседателство со Унијата, кое во изминатите месеци, директно го презеде посредувањето во разговорите меѓу Скопје и Софија, потврди дека за земјава само Бугарија се спротивставила – притоа јасно именувајќи ги точките кои се проблематизираат.

„Ќе се фокусирам на двете главни прашања кои треба да се разјаснат за преговарчката рамка да биде усвоена. Првото прашање, е употребата на краткото име на Република Северна Македонија, а второто е именувањето на македонскиот јазик. Околу овие прашања има неколку аспекти кои се од билатерална природа, но морам за нив да зборувам. Преговарачката рамка претставува голем, историски чекор и го рефлектира Преспанскиот договор, но и делови од договорот со Бугарија. Според Софија има некои отворени прашања и тие треба да се разјаснат на европско ниво. “, изјави Михаел Рот, претседавач со Советот на Европа.


Наспроти блокадата за земјава, Бугарија денеска ја поддржа преговарачката рамка за Албанија. Софија, преку својата шефица на дипломатијата, Захариева, порача, дека треба да се вложи повеќе напор во бугарско-македонските преговори зашто, според неа, „поентата на подготовката за членство, е да се направи Унијата посилна“. И покрај денешниот неуспех, германското претседателство се уште е оптимист дека во наредните денови и недели ќе се успее да се постигне компромис со што до крајот на годината би се одржала Меѓувладината конференција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG