Линкови за пристапност

Флоријан Бибер: Блокада од Бугарија за Северна Македонија со ЕУ отвара врата за поткопување на идејата за проширување


Бугарија најави вето за почеток на формалните разговори ако не се земат в предвид историјата и јазикот

Ако се случи ветото, тоа отвора врата за многу земји - членки кои се граничат со држави од Западниот Балкан.

Бугарија најави вето за почеток на формалните разговори на Северна Македонија со ЕУ ако не се земат в предвид историјата и јазикот. За овие предизвици, но и каква е пораката за другите аспиранти кон Унијата во регионот, аналитичарот и добриот познавач на балканските прашања, професорот Флоријан Бибер од Универзитетот на Грац, Австрија нуди размислување.

Дали роковите за можно решение на отворените прашања меѓу Скопје со Софија до министерскиот совет се прекратки за да се спречи бугарската блокада за почеток на преговори со ЕУ?

Глас на Америка: Северна Македонија, повеќе од 25 години имаше проблем со името со Грција, а денес се наметнува јазикот, како предизвик со Бугарија. Дали балканската тврдоглавност повторно се повторува на Западниот Балкан?

Бугарија го копира случајот со претходниот спор на Северна Македонија и инсистира на отстапки за јазикот и историјата. Бугарија ја користи предноста од позиција на членка во ЕУ врз земја, која е надвор од Унијата.
Флоријан Бибер, аналитичар


„Во моментов тоа е голема загриженост. Бугарија го копира случајот со претходниот спор на Северна Македонија и инсистира на отстапки за јазикот и историјата. Бугарија ја користи предноста од позиција на членка во ЕУ врз земја, која е надвор од Унијата. Иако Бугарија секогаш имала негодувања со македонскиот јазик, никогаш досега не го истакнала овој проблем како услов за почеток на преговори. “, изјави Бибер.

Глас на Америка: Новиот предизвик не е само закана по процесот за членство на Северна Македонија, туку ѝ е отфрлање на вредностите на Унијата. Што е во залог?

„Ако се случи ветото, тоа отвора врата за многу земји -членки кои се граничат со држави од Западниот Балкан. Романија може да ја блокира Србија поради романското малцинство, Хрватска може да инсистира дека Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, зборуваат хрватски јазик. Тоа би било бесконечна снежна лавина, при што одредени земји во ЕУ би ги искористиле членството и би ги поткопале европски вредности и заложби. Тоа би било обесхрабрувачки за проширувањето.“, изјави овој аналитичар.

Глас на Америка: Ако Софија стави вето врз Скопје, дали тоа ќе ги охрабри и другите земји-членки да го запрат процесот на проширувањето, кое, ѝ онака е забавено. Дали се согласувате?

Ѝ, ако тој не успее, тогаш другите во регионот, како српскиот претседател Вучиќ, би рекол, зошто би го решил прашањето со Косово, кога нема гаранции дури и ако општеството се демократизира, земјата да влезе во ЕУ. Ветото би обесхрабрило реформатори, а би охрабрило авторитарни лидери во регионот
Флоријан Бибер, аналитичар


„Апсолутно. Тоа претставува голема опасност не само за Северна Македонија која може да биде оставена надвор од ЕУ. Би ги обесхрабриле реформските влади во регионот. Премиерот Заев, на пример, и натаму ја одржува ѝ турка идејата за ЕУ. Ѝ, ако тој не успее, тогаш другите во регионот, како српскиот претседател Вучиќ, би рекол, зошто би го решил прашањето со Косово, кога нема гаранции дури и ако општеството се демократизира, земјата да влезе во ЕУ. Ветото би обесхрабрило реформатори, а би охрабрило авторитарни лидери во регионот“, изјави Бибер од Универзитатот во Грац.

Бугарија неодамна веќе се спротивстави на предлог-преговарачката рамка за Северна Македонија на состанок на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел. Тоа го потврди, и премиерот Заев.

„Ние ништо не прекршивме од Договорот со Бугарија, напротив имплементираме и личности и спремни сме да ги објавиме записниците досега, и навистина ова е прво непријатно чувство што ни се случува, но верувам дека е порака да се забрзаат решенијата на кои се разговара меѓу двете работни групи предводени од министерствата за надворешни работи“, изјави премиерот Заев.

Германското посредништво преку канцеларката Ангела Меркел – и со последната средба на министерски делегации во Берлин, како и со телефонските разговори на Меркел со премиерите Заев и Борисов, не донесе сериозно приближување на позициите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG