Линкови за пристапност

Столтенберг: И НАТО и Русија да се однесуваат коректно за време на воени вежби


Русија беше брифирана за вежбите на НАТО и беше поканета да ги надгледува, но таквиот потег уште повеќе ги разгневи Русите.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е убеден дека западната Алијанса и Русија ќе имаат „дух на взаемно почитување“ во време кога двата блока спроведуваат воени вежби во исти води во близина на крајбрежјето на Норвешка.

Јенс Столтенберг рече дека ќе присуствува на воените вежби во неговата родна Норвешка, но рече дека не се работи за ситуација на Студена војна, туку чисто да се „спречи, а не да се испровоцира“.

Русија беше брифирана за вежбите и беше поканета да ги надгледува, но таквиот потег уште повеќе ги разгневи Русите.

Москва предупреди дека можеби ќе биде принудена да одговори на зголемените активности на НАТО и рече дека има планови морнарицата да тестира проектили во меѓународни води, во близина каде Алијансата ја спроведува најголемата армиска вежба од крајот на Студената војна.

Руските вежби на проектили ќе се одржат меѓу 1-ви и 3-ти ноември, западно од Норвешка. Вежбите на НАТО, се планирани да траат до 7-ми ноември во централна и источна Норвешка, Северниот Атлантик и Балтичкото море.

Маневрите доаѓаат во време на постојаната напнатост меѓу НАТО и Русија. Москва верува дека Алијансата се однесува провокативно во близина на границите.

„Ова е неопходна вежба и испраќа силен сигнал на обединетост“, изјави Столтенберг во време кога ги посети маневрите на НАТО во коишто вклучуваат околу 50.000 лица од сите 29 членки на НАТО, плус Финска и Шведска.

Во воената вежба на НАТО има 65 бродови и околу 10.000 возила.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG