ЕУ ги најави плановите да им дозволи на САД, Канада и Норвешка да им се приклучат на проектот за „армиска мобилност“, за прв пат Унијата да им дозволи на земји кои не се членки да се приклучат на воени операции.
Министрите за одбрана на средбата во Брисел го одобрија планот за три членки на НАТО да се приклучат на блокот на Унијата, кој што треба да го забрза движењето и префрлањето на војници и опрема ширум Европа и да ги олесни бирократските процедури за распоредување.
Одлуката е знак за унапредување на соработката меѓу НАТО и ЕУ.
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер изјави дека со ваквиот чин се обезбедува полесно распоредување на војници ширум Европа на нејзините граници, и оти ова е важно прашање не само за ЕУ, туку и за НАТО.
НАТО појасни дека воената мобилност е важна во време на зголемена напнатост со Русија.
Facebook Forum