Највисокиот американски генерал за Африка Стивен Таунсенд, вели дека зголемената воена закана од Кина може да дојде од истокот на Америка, како што Пекинг размислува да воспостави големо морнаричко пристаниште, со капацитет за подморници и носачи на авиони на атлантското крајбрежје на Африка, објави Асошиетед прес.
Во изјава за Асошиетед прес, Таунсенд вели дека Кина им пристапила на африканските држави со намерата за изградба на морнарички капацитет.
Ако се реализира, тоа би ѝ овозможило на Кина да смести воени бродови во нејзината проширена морнарица на Атлантикот, како и во Тихиот Океан.
Секретарот за одбрана на САД Лојд Остин, спроведува глобална ревизија да утврди дали американската војска е позиционирана каде што треба да биде и во потребниот број низ светот, со цел најдобро да ја одржи глобалната доминација. Ревизијата треба да биде завршена доцна летово.
Facebook Forum