Линкови за пристапност

ЕУ објави предлог-преговарачка рамка со Северна Македонија


Предлог-преговарачка рамка на ЕУ со Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Предлог-преговарачка рамка на ЕУ со Северна Македонија

Процесот на преговори, во согласност со новата методологија, ќе се води зa триесетина поглавја поделени во 6 кластери

На 20 страници Европската комисија ја образложува предлог-преговарачката рамка со земјава, документот според кој ќе се раководи натамошниот процес на пристапување во ЕУ. По низа одложувања Комисијата вчера ја усвои рамката која за да се финализира ќе треба да биде потврдена од сите земји-членки. Процесот на преговори, во согласност со новата методологија, ќе се води зa триесетина поглавја поделени во 6 кластери – основни вредности, внатрешен пазар, компетитивност, зелена агенда и одржлива поврзаност, ресурси и земјоделие и надворешни односи.

Време е конечно и ние да ги засукаме ракавите и европските вредности да си ги донесеме дома.
Никола Димитров, министер за надворешни работи


„Не можеме да не се радуваме на чекорите напред по 15 години чекање од 2005 година. Време е конечно и ние да ги засукаме ракавите и европските вредности да си ги донесеме дома.“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Во рамката е наведено и како ќе се надгледува напредокот во преговорите преку неколку нови инструменти меѓу кои и реверзибилност и суспензија.

„Со овие нови инструменти на ЕУ и се дава можност да го стопира процесот ако земјата нема напредок.“, оцени Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.

Покрај техничкиот дел, во предлог-рамката клучно е што по 15 години пак се користи терминот „македонски јазик“ што се толкува како промовирање на македонскиот како иден официјален јазик на Унијата.

Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ
Зоран Заев, СДСМ


„Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидејќи согласно нашата лична карта во Обединетите Нации и согласно нашето право на самоопределување, нашиот јазик е македонски, а ние меѓународната комуникација ја водиме и на македонски јазик.“, коментира Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Опозицијата ја поздрави предлог-рамката, иако не смета дека е некој голем успех.

Тоа што денес СДСМ го престави како вонреден успех е сепак само ПРЕДЛОГ- текст за преговарачка рамка
Тимчо Муцунски, ВМРО-ДПМНЕ


„Тоа што денес СДСМ го престави како вонреден успех е сепак само ПРЕДЛОГ- текст за преговарачка рамка, текст кој ќе биде доставен до сите земји членки на Европската Унија и за кој тие треба да се произнесат, да дадат забелешки и на крајот со консензус да го одобрат.“, заклучи Тимчо Мучунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Евроамбасадорот Жбогар денеска изјави дека не очекува изненадувања во финалната верзија на преговарачката рамка во однос на предлогот што вчера до земјите-членки го поднесе Европската комисија.

XS
SM
MD
LG