Линкови за пристапност

Брисел ќе го помага плаќањето на вакцините за Ковид-19 во Северна Македонија


ЕУ ќе го помага плаќањето на вакцините за Ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

ЕУ ќе го помага плаќањето на вакцините за Ковид-19

Станува збор за пакет од 70 милиони евра кои денеска Европската комисија го усвои во рамките на Инструментот за претпристапна помош

Брзата вакцинација ќе биде одлучувачка за ставање крај на пандемијата и започнување на социоекономското закрепнување на Западен Балкан
Вархеји, еврокомесар


„Во текот на целата пандемија, ЕУ покажа дека го третираме Западен Балкан како привилегиран партнер. Продолжуваме да дејствуваме во овој дух и во случајот на вакцините, уште на почетокот преземајќи чекори за да се овозможи брз почеток на кампањите за вакцинација на критичниот персонал и најранливите групи во регионот. Брзата вакцинација ќе биде одлучувачка за ставање крај на пандемијата и започнување на социоекономското закрепнување на Западен Балкан“ – изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Пакетот, како што информира ЕУ, ќе се исплаќа во форма на грантови кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцините за приоритетните групи во регионот, како и за потребната опрема за вакцинација. Анализите се дека тоа ќе им овозможи на земјите од Западен Балкан да набават голем број вакцини од Договорите за авансна набавка на ЕУ со шест производители.

Владата во Скопје го поздрави потегот на Европската комисија.

Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат засилени напори и координирање што треба да овозможат итен пристап до вакцини за Западниот Балкан
Димиров, вицепремиер


„Ја поздравуваме одлуката да се обезбедат 70 милиони евра за да се покрие трошокот за вакцини за приоритетните групи, како и опрема потребна за да се изврши вакцинацијата. Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат засилени напори и координирање што треба да овозможат итен пристап до вакцини за Западниот Балкан како клучен исчекор кон завршување на пандемијата“ – порача во писмена изјава вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров.

Опозицијата остро критикува дека власта нема стратегија околу вакцинирањето што го аргументира со тврдењето дека се уште нема точни најави кога вакцините би пристигнале во земјава, иако веќе се дистрибуираат во соседните држави.

Кога ќе стартува вакцинацијата против корона, кој е планот, со каков квалитет ќе бидат вакцините
Андоновска, ВМРО-ДПМНЕ


„Дали Филипче и Заев остварија средби со претставници на производители на вакцини? Кога ќе стартува вакцинацијата против корона, кој е планот, со каков квалитет ќе бидат вакцините и дали ќе имаат граѓаните избор на вакцини од различни производители, а не Филипче да не убедува дека ќе имаме вакцини за 400 илјади граѓани од КОВАКС механизмот, без притоа јасно да ни објасни кога ќе стигнат и каков е планот за вакцинација?, изјави Марија Андоновска, членка на ИК на ВМРО- ДПМНЕ.

Владата објави дека уплатила за 833.000 вакцини за 400.000 граѓани преку ковакс механизмот, дека паралелно почнала и со директна набавка на вакцини од произведувачите и дека се очекуваат дози и од земјите-членки на Унијата. Клучно прашање е кога тие вакцини ќе дојдат во Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG