Линкови за пристапност

Северна Македонија со нов сет мерки за поддршка на економијата


Нови мерки за заживување на економијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Нови мерки за заживување на економијата

Владините претставници најавуваат дека има подготвеност за побрзо усогласување на позициите и ако тоа се случи треба да се очекуваат дополнителни десетици милиони евра во стопанството.

Петтиот сет мерки за поддршка на економијата треба да се финализира во наредните денови, но само ако се постигне консензус меѓу сите засегнати страни – државата, бизнис заедницата и синдикатите. Владините претставници најавуваат дека има подготвеност за побрзо усогласување на позициите и ако тоа се случи треба да се очекуваат дополнителни десетици милиони евра во стопанството.

Големината на финансискиот пакет, како директни буџетски импликации, зборуваме за помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра.
Битиќи, вицепремиер


„Големината на финансискиот пакет, како директни буџетски импликации, зборуваме за помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра. Но, се уште се гледаат деталите и веќе оваа недела со министерот за финансии, со економскиот совет – министерот за економија, министерот за шумарство... ќе ги утврдиме сите детали и ќе дојдеме до конечната бројка.“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

„Ќе продолжиме да креираме мерки, во континуитет ќе го поддржиме стопанството, особено компаниите кои се извозно ориентирани.“, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Деталите од овој пакет кој ќе содржи дваесетина мерки се уште се утврдуваат, но она што е јасно е дека пак ќе има компонента – поддршка на плати, иако за модалитетите се разговара на релација влада-стопанство-синдикати.

Ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше и претходно затоа што и претходната помош не беше безусловна.
Битиќи, вицепремиер


„Ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше и претходно затоа што и претходната помош не беше безусловна. Треба да се исполнат одредени услови за таа да стане неповратна и истиот механизам го користиме и сега – двете опции се во разговори со стопанските комори и со синдикатите и најверојатно оваа недела ќе треба да пресечеме заеднички со сите засегнати страни за тоа кој е најдобриот пакет“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Владините анализи се дека се намалува бројот на компании и работни места за кои е потребна државна поддршка, што се толкува како сигнал за почеток на економско заздравување. До крајот на 2020 од државниот буџет, на име на финансиска помош поради пандемијата, исплатени се повеќе од 350 милиони евра.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG