Линкови за пристапност

Северна Македонија: Здравствени протоколи за претстојните парламентарни избори


Здравствени протоколи за избори во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

„Сите лидери на политички партии на лидерската средба се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и затоа очекувам дека сите партии, нивните членови и учесниците во изборната кампања и изборниот процес, овој протокол ќе го почитуваат.“, коментира Венко Филипче, министер за здравство.

Физичка дистанца во текот на кампањата и на денот на изборите, носење заштитни маски, избегнување масовни митинзи, дистанца и заштита и во активностите од врата до врата, маски и ракавици за членовите на избирачките одбори, проветрување на просториите, гласањето да трае 2 часа подолго. Ова се дел од здравствените протоколи што денеска ги предложи комисијата за заразни болести за претстојните парламентарни избори откако тоа беше побарано на завчерашната лидерска средба.


Сите лидери на политички партии на лидерската средба се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и затоа очекувам дека сите партии, нивните членови и учесниците во изборната кампања и изборниот процес, овој протокол ќе го почитуваат.“, коментира Венко Филипче, министер за здравство.

За другиот заклучок од лидерската средба - Државната изборна комисија да ги каже роковите што и се потребни за организирање на изборите, информациите од ДИК се дека членовите на ова тело се усогласиле дека сите одлуки за продолжување на изборниот процес треба да бидат во согласност со изборниот законик и дека избирачкиот список мора да се преработи.

Во пресрет на новата лидерска средба најавена за идната недела на која, врз основа на информациите добиени од здравствените власти и ДИК, ќе се пресече за датумот на избори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повторуваат своите позиции. Власта е за избори што е можно побрзо, опозицијата тврди дека нема услови.

„Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи и епидемиолошките стандарди, особено денот на изборите“
СДСМ

„Предвремените парламентарни избори кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања да биде усогласена со заштитните протоколи и епидемиолошките стандарди, особено денот на изборите. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори и се плашат од соочување со граѓаните“, оцени Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

„Поразот на Зоран Заев е неизбежен, иако воопшто не им е гајле за здравјето на граѓаните и по цена на човечки животи на граѓаните се подготвени да организираат избори“
ВМРО-ДПМНЕ

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, го пренесе ставот на партијата.

Комисијата за заразни болести денеска предложи продолжување на вонредната состојба која истекува в сабота – за ова прашање утре ќе заседава Советот за национална безбедност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG