Глас на Америка: ЕУ се согласи Северна Македонија и Албанија да ги започнат своите долгоочекувани разговори за пристапување, бидејќи има за цел да ги зајакне врските со Западен Балкан. Кој е Вашиот коментар?
Едвард Џозеф: Верувам дека ЕУ конечно го направи она што требаше да го направи одамна - Преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија, и се чини дека сега го сториле тоа, дека тие се решиле на овие нови процедури за кои се договорија со највисоко ниво или наскоро ќе бидат договорени за тоа на највисоко ниво но дека Брисел има прелиминарен внатрешен официјален договор.
Глас на Америка: Еден официјален претставник на ЕУ неодамна рече дека е „ дојдено време за одлуката“, и Унијата покажа дека „сè уште е во политички бизнис“ и покрај кризата со коронавирусот.
Едвард Џозеф: Па, се разбира, беше прашање на време. Овие пристапни преговори требаше да бидат отворени во есен лани. Запомнете, Северна Македонија, ги презеде овие храбри и конкретни чекори за потпишување на договорот за просперитет со Грција, која исто така презеде важни чекори, и двете страни направија храбри компромиси и двете страни сега имаат пат кон позитивна стабилна врски. Северна Македонија, дури и повеќе од Албанија требаше да биде наградена од тоа, и наместо тоа, имавме француска блокада која беше доста непотребна и прилично опасна, но сега за среќа тоа е решено, и покрај коронавирусот и покрај оваа нова криза, и сега го имаме овој договор и наскоро треба да биде благословена од највисоко ниво на шефовите на држави членки на ЕУ.
Глас на Америка: Започнување разговори за пристап не е гаранција за членство во ЕУ. Турција ги започна преговорите во 2005 година, но е далеку од било кога досега од пристапувањето во ЕУ. Кога очекувате Македонија и Албанија да станат членки?
Едвард Џозеф: Многу важно, многу важно за вашите гледачи. Не гледајте кон Турција, погледнете кон Хрватска. Турција е ирелевантно целосно нов пример за пристапување, а Хрватска е сосема релевантен пример Хрватска веќе неколку години е членка на ЕУ. Ако Хрватска можеше да го стори тоа и Северна Македонија може да го стори тоа, и Албанија може да го стори тоа. Овие нови реформи што тие ги воведоа се тешки, тие на почетокот ставаат некои од најтешките теми од областа на владеењето на правото и го отежнуваат процесот, но тоа е вреден процес. Тоа е. Реформите не се само корист за Брисел, туку овие реформи, се позитивни и корисни за граѓаните во обете држави.
Глас на Америка: Привремената спогодба со Северна Македонија и со Албанија би значела дека четири од шесте земји од Западен Балкан се во разговори за проширување со ЕУ, откако Црна Гора започна преговори во 2012 година и Србија во 2014 година. Дали мислите дека ЕУ конечно презема конкретни чекори за зголемување на влијанието врз регионот со оглед на зголемувањето на влијанието на Русија врз Балканот последните 10 години?
Но, денес треба да се фокусираме на позитивниот факт дека сега ќе има пат за членство во Европската унија за Северна Македонија и АлбанијаЕдвард Џозеф
Едвард Џозеф: Мое чувство е дека ЕУ е свесна за потребата да бидат присутни за да бидат релевантни, за да бидат корисни, особено во оваа ситуација со коронавирус за која не разговаравме за која требаше да видиме напори во Брисел, во европските метрополи да бидат одговорни на потребите и загриженоста. И самата ЕУ има земји што се борат за помош. Тоа е огромна криза. Но, денес треба да се фокусираме на позитивниот факт дека сега ќе има пат за членство во Европската унија за Северна Македонија и Албанија. Ова е ден да бидеме позитивни во врска со тоа и да ја признаеме важноста во оваа ситуација во којашто се наоѓаме за земјата.
Facebook Forum