Според најновите податоци за економската ситуација во САД забележан е пораст на продажбата на производи преку Интернет, продажбата на автомобили и можно подобрување на пазарот на работни места.
Компанијата Комскор која води евиденција на активностите на купопродажба преку Интернет, вели дека само минатата недела е забележан пораст за 16 отсто, споредено со истиот период минатата година.
Трендот се должи главно на божиќните и новогодишните празници.
Во одвоен извештај се наведува дека продажбата на автомобили најверојатно ќе порасне за 1,2 милиона за 2011-та година и ќе достигне 12,8 милиони. Ова би била најдобрата година од 2008-та наваму.
Трета студија објавена во среда сугерира дека компаниите во САД најверојатно ќе отвраат нови работни места во 2012-та.