Линкови за пристапност

Бајден го порази Сандерс на четири демократски прелиминарни гласања


Поранешниот потпретседател извојува победа и во клучниот Мичиген

Поранешниот потпретседател Џо Бајден го победи сенаторот од Вермонт Берни Сандерс во четири сојузни држави на синоќешните прелиминарни гласања, вклучувајќи го и Мичиген.

Бајден кој се наоѓа во трета трка за претседател во последните три децении го зголеми водството во трката за соочување со Трамп на изборите во ноември по победите во средиштето на автоиндустријата - Мичиген, заедно со Мисури на средниот запад, Мисисипи на југ и Ајдахо на запад.

Бајден во Мичиген
Бајден во Мичиген

По бавниот старт на почетокот на прелиминарните избори пред еден месец, Бајден им се заблагодари на поддржувачите во Филаделфија дека неговата кампања полека конечно зема замав, и оти Демократите ќе се обединет за преземање на Белата куќа и обединување на нацијата.

„Сакам да му се заблагодарам на Берни Сандерс и неговите поддржувачи за неуморната енергија и посветеност. Ние споделуваме иста цел, заедно да го победиме Трамп“, рече Бајден.

Сандерс не даде јавно изјава по синоќешните резултати.

Двајцата кандидати треба да се соочат на дебата во недела спроти гласањето на 17-ти март на прелиминарните избори во Охајо, Флорида, Илиноис и Аризона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG