Линкови за пристапност

Дебата за иднината на Европа: Дали проширувањето на ЕУ ќе биде забавено од коронавирусот?


Дали проширувањето на ЕУ ќе биде забавено од коронавирусот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Дали проширувањето на ЕУ ќе биде забавено од коронавирусот?

Европската унија, според познавачите на состојбите, се наоѓа на пресвртница

Коронакризата дополнително укажа на слабостите на системот кој, како што рекоа учесниците на денешната дебата „Нова виталност за стара дебата – состојбата на Европа“, треба да се прилагоди на новата реалност. „Ситуацијата во ЕУ сега е како на почетокот на 90-тите, не може да биде „business as usual“, анализира екс-италијанскиот премиер Енрико Лета.

Мислам дека денес сме пред истиот предизвик, сметам дека оптимизмот е тука затоа што овој период 2020-2022 може да биде период на промена на суштината на ЕУ.
Лета, поранешен премиер на Италија


„Европа која во 1991 решивме да ја изградиме беше целосно нова Европа. Мислам дека денес сме пред истиот предизвик, сметам дека оптимизмот е тука затоа што овој период 2020-2022 може да биде период на промена на суштината на ЕУ.“, коментира Енрико Лета, поранешен премиер на Италија.

Во суштината на Унијата треба да остане проширувањето. Според францускиот експерт Франсоа Лафонд проширувањето кон Западен Балкан има геополитичко значење за ЕУ.

Кај актуелниот француски претседател нема дилема дека Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ штом тоа стане можно.
Лафонд, советник за евроинтеграции


„Проширувањето се уште е важен во смисла на стабилизација на континентот и ЕУ нема да биде глобална сила ако Западен Балкан не стане дел од европското семејство. Кај актуелниот француски претседател нема дилема дека Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ штом тоа стане можно.“, вели Франсоа Лафонд, советник за евроинтеграции на Северна Македонија.

Каде во целата ситуација се наоѓа земјава. Очекувањата се дека и покрај кризата првата меѓувладина конференција ќе се одржи до крајот на годината. Тоа е врвен приоритет на најмоќната членка – Германија, актуелен претседавач со Унијата.

Не мислам дека ние во регионот, но и ЕУ смееме да си дозволиме да ја пропуштиме шансата
Димитров, министер за надворешни работи


„Не мислам дека ние во регионот, но и ЕУ смееме да си дозволиме да ја пропуштиме шансата. Ако одлуката за почеток на Преговори за Северна Македонија и Албанија беше историска, а во нашиот случај и безусловна, за одржување на кредибилитетот на Унијата ни треба првата меѓувладина конференција до крајот на годинава.“, коментира Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции.

За тоа да се оствари треба да се надминат проблемите што Бугарија ги изнесе во своите забелешки за предлог-преговарачката рамка, почнувајќи од именувањето на јазикот па се до прашањето на идентитетот на македонскиот народ.

„Не мислам дека расправата за македонскиот јазик има смисла, но оттука може да излезе потребата од внесување суштина во односите меѓу двете земји, нешто што сега недостасува. Се надевам дека Бугарија ќе се врати на позицијата поддржувач на регионот. Но, треба да се има на ум дека Бугарија е покритие за други земји-членки кои се скептични за натамошното проширување.“, заклучи Весела Чернева, заменик-директорка на Европскиот совет за надворешни работи.

Стравувањата на експертите се дека ако Унијата не испорача кон западниот Балкан, тогаш регионот може да стане уште поатрактивна цел за кинеското и руското влијание.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG