Линкови за пристапност

Ново истражување: Млади од малцинствата во САД под зголемен ризик од Ковид-19


Центарот за контрола на болестите објави дека 75% од починатите имале најмалку една здравствена аномалија – астма, прекумерна тежина или срцеви проблеми.

Новите податоци од Центарот за контрола на болести и зарази во САД ( СДЦ) покажа дека припадници на малцинствата помлади од 21 година необјасниво повеќе се заразуваат со Ковид-19 отколку белите Американци на иста возраст.

Во периодот меѓу 21-ви февруари и 31-ви јули, 121 лице под возраст од 21 година починале од коронавирус, според податоците од 27 сојузни држави. Повеќе од 75% од младите биле Хиспанци, Афро-американци, американски Индијци и домородни од Алјаска, иако заедно, сочинуваат 41% од популацијата во САД.

Понатамошни информации покажале дека починале 44% од Латиноамериканците, 29% од Афро-американците, споредено со 14% од белите деца.

Центарот за контрола на болестите објави дека 75% од починатите имале најмалку една здравствена аномалија – астма, прекумерна тежина или срцеви проблеми.

Од Центарот, паралелно информираа за детали од почетокот на дистрибуција на вакцината во следните 24 часа откако ќе добие официјално одобрување.

Според планот, вакцината ќе биде дистрибуирана веднаш штом Администрацијата за храна и лекови авторизира дистрибуција со претходно формално одобрување. Најпрво ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Агенцијата објави дека вакцината ќе биде бесплатна за сите Американци штом ќе стане достапна.

Објавата на деталите од планот доаѓаат истиот ден откако претседателот Трамп го соочи директорот на СДЦ Роберт Редфилд за тоа кога Американците би добиле вакцина за Ковид-19.

Редфилд пред сенатска комисија изјави дека вакцината може да биде генерално достапна за американската јавност во вториот или третиот квартал од следната година, a тие што се најмногу во ризична група – како постари и лица со постоечки здравствени проблеми, би добиле приоритет.

Сепак, на прес-конференција подоцна во денот, Трамп јасно стави до знаење дека не му се допаѓа што Редфилд изрази многу претпазлива временска рамка.

„Мислам дека направи грешка, кога го кажа тоа. Тоа е неточна информација“, рече Трамп. „Под било кои околности нема да бидеме толку доцна со вакцината, како што кажа лекарот“, изјави претседателот на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG