Индиското министерство за здравство објави дека оваа јужно-азиска нација надмина над пет милиони случаи на Ковид-19.
Само во изминатите 24 часа има 1290 починати и над 90.100 заразени од коронавирус.
Според податоците од Џонс Хопкинс, Индија сега има над пет милиони случаи на коронавирус и над 80.000 починати.
Индија воведе стриктен карантин од појавата на коронавирусот во март, при што ги запре сите економски активности. Скокот од нови случаи со Ковид –19 е резултат од постепеното олеснување на рестриктивните мерки.
Индија е веднаш зад САД, со над шест милиони позитивни случаи, вклучувајќи и над 195.000 починати.
За време на собир со граѓаните во Филаделфија, Пенсилванија, кој беше пренесуван на национална ТВ, претседателот Трамп рече дека земјата е на неколку недели до вакцина против Ковид-19, спротивно на најавите од експертите дека евентуалната вакцина ќе биде достапна многу подоцна.
Facebook Forum