Линкови за пристапност

Северна Македонија: Влошување на здравствената ситуација, нема нови рестриктивни мерки, ниту пак вакцини за широката популација


Северна Македонија зафатена од третиот бран на пандемијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Северна Македонија зафатена од третиот бран на пандемијата

Мутацијата и новите соеви на Ковид-19 резултираат со случаи на зараза кај лица кои веќе го прележале вирусот.

Северна Македонија дефинитивно е зафатена од третиот бран на пандемијата – болниците се полнат - 1135 пациенти се хоспитализирани на инфективните клиники во Скопје и во болниците во внатрешноста – слободни се уште околу 300 легла.

Регистрирани се 11.889 активни случаи, а статистиката покажува раст од повеќе од 5000 активни за еден месец, во периодот од 15 февруари до 15 март. Мутацијата и новите соеви на Ковид-19 резултираат со случаи на зараза кај лица кои веќе го прележале вирусот.

Ја следиме ситуацијата, да, можна е реинфекцијата и затоа будно гледаме кој е тој процент на реинфекција – на 112.000 заразен 116 повторно инфицирани е 0,01 процент што е многу мал број.
Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести


„Заклучно до вчера во државава се регистрирани 116 случаи на реинфекција и 2 починати. Ја следиме ситуацијата, да, можна е реинфекцијата и затоа будно гледаме кој е тој процент на реинфекција – на 112.000 заразен 116 повторно инфицирани е 0,01 процент што е многу мал број“, коментира Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Третиот бран го активираше и Ургентниот центар на скопските клиники како Ковид-центар. Исто така, она што се забележува во последните две седмици е дека се зголемува бројот на заразени деца до 9-годишна возраст. Од 1-ви март досега регистрирани се 220 случаи на деца позитивни на вирусот. Во ситуација кога здравствениот систем е под исклучителен притисок, прашањето што се поставува е каде се вакцините за граѓаните.

За жал, кај нас, а и во земјите каде има масовна вакцинација, бројките се зголемуваат. Тоа се должи на непочитување на мерките за лична заштита
Заев, премиер на Северна Македонија


„Гледате дека и во земјата каде има масовна вакцинација, а кај нема – се вакцинираат само медицинските работници, бројките се соодветни на почитување на мерките за заштита. За жал, кај нас, а и во земјите каде има масовна вакцинација, бројките се зголемуваат. Тоа се должи на непочитување на мерките за лична заштита.“, изјави Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Свесен сум дека набавката на вакцини не оди со посакуваното темпо, но обезбедувањето вакцини, во буквална смисла е „војна“.
Филипче, министер за здравство


„Свесен сум дека набавката на вакцини не оди со посакуваното темпо, но обезбедувањето вакцини, во буквална смисла е „војна“. Неизвесноста е голема секаде во светот, пристапивме сериозно, но немањето количини, го прави своето и затоа се доцни со испораката“, истакна Венко Филипче, министер за здравство.

Во очекување на вакцините, Институтот за демократија објави дел од истражување кое покажува дека половина од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, а 16% дека се уште се двоумат. Најголем дел од граѓаните рекле дека ја преферираат вакцината на американски Фајзер, која е на листата за набавки на владата, но, како и другите вакцини, се уште ја нема во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG