Во време кога најновата варијанта на Ковид омикрон се шири забрзано низ САД, виши федерални здравствени официјални лица разгледуваат да воведат негативен тест покрај задолжителната петдневна изолација за асимптоматски Американци кои имаат коронавирус, објави вишиот медицински советник во Белата куќа, објави Асошиејтед Прес.
Според АП, д-р Антони Фаучи изјави дека Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) разгледува воведување негативен тест како дел од прописите откако минатата недела наидоа на лавина критики за новите препораки за намалување на ширењето на вирусот.
Според новите прописи од 27-ми декември, ограничувањата за рестрикција на заразените со Ковид-19 беа намалени од 10 на петдневен карантин, ако повеќе немаат симптоми или покачена телесна температура. По тој период, од нив се бараше да ги минат следните пет дена, носејќи заштитна маска околу други луѓе.
Фаучи, кој е виш експерт за инфективни заболувања, предупреди дека САД имаат вертикално зголемување на бројката на хоспитализации на нови случаи и сега имаат по 400.000 нови случаи дневно, а расте и бројката на хоспитализирани лица по болниците.
„Се наоѓаме во средиштето на голем бран на ново заразени, досега невиден и нерегистриран“, изјави Фаучи.
„Досега се регистрирани над 25% до 30% од заразени по полициските и пожарникарни станици. Тоа преставува загриженост, зашто може да се одрази врз функционирањето на севкупниот систем“, предупреди главниот експерт за заразни болести во Белата куќа.
Дел од информациите се користени од Асошиејтед Прес.
Facebook Forum