Линкови за пристапност

Ковид: Индија со рекорден број новозаразени; Германија разгледува воведување нов карантин


„Ако продолжи актуелниот тренд, ќе го преоптовари нашиот здравствен систем“, рече Јенс Шпан за Ројтерс.

Индија објави досега највисока бројка на ново-заразени од Ковид-19. Министерството за здравство објави 131.968 нови случаи за 24 часа. Претходниот рекорд во Индија беше 126.789 за едно деноноќие.

Германскиот министер за здравство предупреди дека неговата земја е на работ да ги пополни сите кревети на интензивната нега. Засега 4500 пациенти се сместени по болниците.

„Ако продолжи актуелниот тренд, ќе го преоптовари нашиот здравствен систем“, рече Јенс Шпан за Ројтерс.

Гробишта со починати од Ковид во Сао Паоло, Бразил
Гробишта со починати од Ковид во Сао Паоло, Бразил

Порторико и Вашингтон треба во понеделник да отворат можност за регистрирање на жители над 16 години за првата доза од вакцина против Ковид-19.

Неколку земји издадоа нови препораки за вакцината на Астра Зенека откако медицинските регулатори во Европската Унија објавија поврзаност на вакцината со мошне ретка форма на згрутчување на крвта, која, во некои случаи може да биде фатална.

Во Британија, каде се развива вакцината во соработка со британски и шведски фармацевтски компании на Универзитетот во Оксфорд, е објавено дека ќе понуди алтернатива, за лицата под 30 годишна возраст.

Ројтерс објави дека Филипините и Шпанија ќе ја ограничат дистрибуцијата на оваа вакцина над 60-годишна возраст, додека Италија, според Вашингтон пост, објави слични препораки.

Ретката форма на згрутчување на крвта досега е поврзана со најмалку 14 смртни случаи ширум Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG