Линкови за пристапност

Северна Македонија размислува набавка на вакцини против Ковид-19 и од Кина


Северна Македонија размислува набавка на вакцини против Ковид-19 и од Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Опозицијата, иако има глобален недостаток на вакцини, продолжи да ја обвинува владата за неспособност.

Ваквата можност ја најави министерот за здравство откако стана јасно дека големите фармацевтски компании од западот имаат проблем во навремената испорака на потребните дози.

Остануваме доследни на претходните два механизми - од `Ковакс` и преку `Фајзер`. Очигледно е дека сите производители имаат проблем со капацитетот и ние сакаме да обезбедиме процес на имунизација кој ќе има континуитет
Филипче, министер за здравство


„Разговаравме со претставници на кинеската амбасада и тие ни дадоа соодветни контакти. Чекаме детали во однос на договорот, во однос на цената и испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите овие детали ќе ги имаме. Остануваме доследни на претходните два механизми - од `Ковакс` и преку `Фајзер`. Очигледно е дека сите производители имаат проблем со капацитетот и ние сакаме да обезбедиме процес на имунизација кој ќе има континуитет, еве на пример, Хрватска го запре вакцинирањето и тоа е нешто што сакаме да го избегнеме. Сакаме да обезбедиме соодветна количина на вакцини од сите призводители кои се појавија на пазарот, а сите тие имаат вакцини кои се темелат на безбедни платформи“, потврди Филипче за „Гласот на Америка“.

Станува збор за количина од околу 200.000 дози. Според министерот, не е проблем што кинеските вакцини не се одобрени од Европската агенција за лекови зашто тие имаат соодветни документи и сертификати од матичната земја. Овие вакцини за разлика од оние на „Фајзер“ и „Модерна“ се создадени на класичен начин на база на ослабен вирус.

Опозицијата, иако има глобален недостаток на вакцини, продолжи да ја обвинува владата за неспособност.

Во повеќето земји граѓаните имаат право на избор помеѓу три вида на вакцина и граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас нема никаква вакцина!
Николов, ВМРО-ДПМНЕ


„Во повеќето земји граѓаните имаат право на избор помеѓу три вида на вакцина и граѓаните можат да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат, кај нас нема никаква вакцина! Ниту за ризичните групи, ниту за останатите граѓани.“, изјави Игор Николов, ВМРО-ДПМНЕ.

За справувањето со пандемијата денеска се разговарало во Брисел каде вицепремиерот Димитров и министерот Османи се сретнаа со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Борел. Нема детали дали е отворено прашањето за вакцините. Во земјава се очекуваат дози од Ковакс механизмот, од Фајзер, како и 8.000 вакцини од Србија. Засега, ниту една не е пристигната.

XS
SM
MD
LG