Линкови за пристапност

Искуства од пациенти, пост-Ковид-19: „Како кога мало дете учи да оди“


Искуства, Пост-Ковид на пациенти во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Искуства, Пост-Ковид на пациенти во Северна Македонија

Излегувањето од болница го доживувам како втор роденден, велат дел од пациентите со кои зборуваше Гласот на Америка.

Како кога мало дете се учи да оди. Такви се првите чекори кои болните од Ковид 19 ги прават, по станувањето од болничките кревети.

Излегувањето од болница го доживувам како втор роденден, велат дел од пациентите со кои зборуваше Гласот на Америка.

Вака изгледа пост-ковид третманот на секој еден пациент, кој откако ќе се избори со лошата болест добива помош, полека да се врати во нормален колосек од животот.

Физотерапевтите кои работотат со пациентите сместени во модуларната болница во Охрид велат, тоа е исто како кога мало дете учи да оди, бидејќи некои, во болничките кревети поминуваат и по 4 до 5 недели.

Немоќ голем се јавуваше кај сите, и со самото долгорочно лежење се јавуваше таа пасивност на самите пациенти. Нашата работа, нашата фунцкија во сето тоа е да го научиш човек повторно да се врати во живот, повторно да му овозможиме да го живее животот нормално
Николоска, физиотерапевтка


„Немоќ голем се јавуваше кај сите, и со самото долгорочно лежење се јавуваше таа пасивност на самите пациенти. Нашата работа, нашата фунцкија во сето тоа е да го научиш човек повторно да се врати во живот, повторно да му овозможиме да го живее животот нормално, како малото дете кога ќе се роди, го учиме постепено на се и да го започне животот. И нашата функција за време на Ковид 19, беше токму таа, да им овозможиме на луѓето постепено да ги вратиме во живот“, вели Маријана Николоска, физиотерапевтка.

Покрај вежбите за раздвижување на горните и долни екстремитети, пациентите се учат и како полесно да дишат.

„На пример, на кој начин како да го зголемат капацитетот на кислород во белите дробови, како повторно да се вратат нормално да дишат, а од друга страна и да им помогнеме и да ги станеме на нозе. Тоа се беше многу тешко“, коментира Маријана Николоска.

Некои кои како победници ги напуштиле болничките соби, велат дека се уште ги чувствуваат последиците од Ковид -19.

Имам се уште голем замор кој и сега се чувствува. Немам сила, немам кондиција. Брзо се задишувам.
Трајаноски, пациент


„Пет недели лежев овде. Првите две недели не паметам ништо. Со физикалната терапија ми беа потребни три дена да застанам на нозе со помош, а после една недела можев сам да се движам, но не многу. Имам се уште голем замор кој и сега се чувствува. Немам сила, немам кондиција. Брзо се задишувам“, вели Љупчо Трајаноски, пациент излекуван од Ковид 19.

Исан Дервиш, 40 дена бил поврзан за кревет на апарати за кислородна подршка: Ова сега ми е повторно раѓање. Како пациент овде во ковид центарот поминав многу тешко. Во центарот за рехабилитација во Козле ме научија да одам, бидејќи цела килажа ја имав изгубено. Ме кренаа на нозе, а ме научија и да дишам“.

Во болницата сега се сместени само уште неколку пациенти. Но, лекарите не забораваат низ што се поминале.

„Тоа беше заедничка борба - и наша и на пациентите. И на крај излезе дека за некои извојувавме вистинска победа, за некои не“, оцени Маријана Николовска, физиотерапевтка.

Се чувствуваме исполнети, се чувствуваме горди, се чувствуваме дека сме успеале. Луѓето беа пресреќни.
Спасова, медицинска сестра


„Се чувствуваме исполнети, се чувствуваме горди, се чувствуваме дека сме успеале. Луѓето беа пресреќни. Тие не можеа да застанат на нозе, а успеавме, после оздравувањето, после завршувањето на ковид лекувањето, да си одат сами со свои автомобили“, додава, Мирјана Спасова, медицинска сестра

На повеќе од 500 пациенти кои од почетокот на годинава, биле хоспитализирани им е пружена соодветна физикална терапија во зависност од тежината на болеста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG