Линкови за пристапност

Северна Македонија и Ковид-19: Ситуацијата е сериозна, државата се наоѓа пред сериозен предизвик


Северна Македонија и Ковид-19: Ситуацијата е сериозна, државата се наоѓа пред сериозен предизвик
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Северна Македонија и Ковид-19: Ситуацијата е сериозна, државата се наоѓа пред сериозен предизвик

Апел до граѓаните, во отуство на вакцина или лек, нема друга алтернатива освен почитување на здравствените протоколи...“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

Здравствениот систем е мобилизиран и стабилен – ова се дел од пораките од денешната седница на Советот за безбедност со само една точка на дневниот ред – ситуацијата во земјата со Ковид-19. На собирот на државно-владиниот врв премиерот и министерот за здравство информирале за состојбата и за мерките што се преземаат.

Апел до граѓаните, во отуство на вакцина или лек, нема друга алтернатива освен почитување на здравствените протоколи
Пендаровски, претседател на Северна Македонија


„Ситуацијата е исклучително сериозна, човечките и материјалните ресурси се искористени до максимум, а со оглед на тоа што доаѓа сезона на грипови ситуацијата сигурно нема да биде полесна. Со цел да истраеме, како никогаш досега, потребни ни се одговорност, солидарност и претпазливост. Апел до граѓаните, во отуство на вакцина или лек, нема друга алтернатива освен почитување на здравствените протоколи...“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

На состанокот не се отворило прашањето за можноста за нова вонредна состојба затоа што државата сега има функционално Собрание. Засега, не се разглеуваат опциите за воведување карантин или полициски час – она што се бара е почитување на здравствените протоколи и одговорно однесување од сите – граѓаните, институциите, опозицијата.

Одговорноста на сите мора да биде на највисоко ниво.
Заев, премиер на Северна Македонија


Го запознав претседателот за сите опции, пред се здравстени и економски, што владата ги имаме на располагање...Одговорноста на сите мора да биде на највисоко ниво. Затоа, го повикувам лидерот на опозицијата Мицкоски за одговорно однесување затоа што ја става во опасност јавноста со неодговорно однесување“, оцени Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.

Министерот за здравство потврди дека состојбата на првиот човек на МВР – Оливер Спасовски, кој е позитивен на Ковид-19, е стабилна и дека тој е хоспитализиран на инфективанта клиника поради висока температура. Иако здравствениот систем е под исклучителен прититисок, Филипче уверува дека никој нема да остане без потребната нега.

Целиот клинички центар е во ситуација на мобилизација.
Филипче, министер за здравство


„Имаме доволно болнички капацитети и кревети. Целиот клинички центар е во ситуација на мобилизација. Значи, болнички легла има и кадарот е подготвен да прима пациенти, граѓаните треба да бидат спокојни, никој нема да остане без здравствена заштита.“, изјави Венко Филипче, министер за здравство на Северна Македонија.

Откако собранието ги усвои измените на законот за заштита од заразни болести, од денеска стапуваат на сила заострените заштитни мерки - задолжително носењето заштитна маска и на отворено, забране групирање на јавен простор во одредени периоди, високи казни за напочитување на протоколите... Целта е со овие мерки да се намали ширењето на вирусот од кој дневно се регистрираат по неколку стотици новозаболени и десетици починати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG