Линкови за пристапност

870 новозаболени во едно деноноќие - нов црн рекорд на епидемијата на коронавирус


Секој трет тест позитивен.Повторно двоцифрена бројка на жртви - 14. Само во Скопје 422 нови случаи, во градот кој е најголемото жариште има над 3.800 активни . Во болниците се бара кревет повеќе

СКОПЈЕ -Рекодрни 870новозаболени од коронавирус се регистрирани во последното деноноќие а речиси половина од нив се во Скопје. Епидемијата неконтролирано се шири низ државата и нови случаи се регистрирани во 30 града низ државата. Направени се 2.647 тестови а секој трет е позитивен односно 32,8 отсто.

Повторно двоцифрена бројка на жртви ви изминатите 24 часа. Четиринаесет пациенти ја загубијката битката со вирусот со што бројката на жртви се искачи на 963 лица.

„Починати се 14 лица, тројца пациенти од Скопје (51, 60 и 83г), тројца од Куманово (65, 71 и 53г), еден пациент од Дебар (80г), двајца од Прилеп (55 и 56г), еден од Тетово (63г), еден од Велес (65г), еден од Струмица (68г), еден од Радовиш (72г) и еден пациент од Кратово (75г). Сите се починати во болнички услови“, стои во официјалната инфромација на министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата, 26 февруари, заболени се 28.697 лица од кои 19.771 се оздравени а во моментов активни се водат 7.963 случаи.

Најголемото жариште во државата е Скопје каде има 3.828 активни случаи.

Трицифрени бројки на зболени во моментов има уште во 14 града низ дрѓавата.

Во Струмица има 458 активни случаи, Тетово -451, Куманово - 348, Прилеп - 366, Штип - 227, Битола - 219, Велес - 212, Охрид - 200, Кочани - 195, Кавадарци - 177, Гевгелија - 168, Гостивар - 165, Кичево -136 и Делчево каде има 106 активни случаи.

Инфективните одделенија во неколку града се речиси полни и пациенти се транфесрираат во други градови. Здравствениот систем е максимално оптеретен се бара кревет повеќе за хоспитализирање на пациентите кои непрестано доаѓаат во болниците. Лекарите и медицинските работници се исцпрени, работата без престан а замени повеќе нема.

На Инфективната клиника има 150 пациенти од кои 113 се на кислородна поддршка.Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 8 позитивни мајки, 3 деца и 2 мајки суспектни на Ковид-19. Во Градската болница „8 Септември“ има 48 пациенти од кои двајца се на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 64, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 294 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG