Линкови за пристапност

Ремдесивир – зрак на надеж против коронавирусот


„Ремдесивир има јасен силен, позитивен ефект во намалување на времето на закрепнување“, потврди Фаучи и рече дека „лекот може да го блокира овој вирус“.

Експерименталниот лек Ремдесивир се покажал ефикасен во лекување пациенти заболени од КОВИД-19, објави директорот на американскиот национален Институт за алергија и заразни болести, Д-р Ентони Фаучи.

Д-р Ентони Фаучи
Д-р Ентони Фаучи

„Ремдесивир има јасен силен, позитивен ефект во намалување на времето на закрепнување“, потврди Фаучи и рече дека „лекот може да го блокира овој вирус“.

Првите тестирања со овој лек започнале на 21-ви февруари врз стотици хоспитализирани пациенти со коронавирусот, потврди првиот човек на националниот Институт за алергија и заразни болести.

Пациентите кои биле третирани со Ремдесивир се опоравиле за 11 дена, споредено со 15-дневното заздравување на лицата кои биле лекувани со други експериментални лекови.

„Денешните позитивни вести со Ремдесивир се зрак на надеж за сите Американци, но и останатиот дел од светот кој што е во обединета битка против пандемијата со Ковид-19“, изјави секретарот за здравство Алекс Азар.

Ремдесивир го произведува фармацевтската компанија Gilead Sciences. На пациентите им се дава интравенозно, со што се вбризгуваат ензими коишто треба да го репродуцираат виталниот генетски материјал во организмот. Во тестовите врз животни, заболени од САРС (акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром), кои што предизвикуваат слични коронавируси, помогнал да се спречи ширењето на инфекцијата и да се намалат тешките симптоми.

Но, засега, не е одобрен за користење било каде во светот.

Американската администрација за храна и лекови се очекува да одобри итна авторизација за лекување на пациенти со КОВИД-19.

Од коронавирусот досега починаа 226.000 луѓе во светот, вклучувајќи и 60.000 во САД. Вкупната бројка на потврдени случаи во оваа земја надмина еден милион, најмногу од било која друга држава во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG