Линкови за пристапност

Научниците од Оксфорд предводат во напорите за вакцина против коронавирусот


Научниците планираат масовно тестирање следниот месец, што е временска рамка многу побрза од вообичаениот пат да се стаса до вакцина

Научниците од Универзитетот во Оксфорд се во трка со времето да развијат вакцина за коронавирусот и пред вообичаената медицинска временска рамка.

Научниците изразија увереност во капацитетот тоа да го сторат побрзо од предвиденото време, и ја зголемија надежта ширум светот дека нема да се чека за вакцината до следната година.

Првата вакцина беше развиена на Институтот Џенер во Британија минатата недела. Научниците планираат масовно тестирање следниот месец, што е временска рамка многу побрза од вообичаениот пат да се стаса до вакцина.

Њујорк тајмс објави дека научниците планираат да ја тестираат вакцината врз 6000 луѓе до крајот на мај.

Тимот од Оксфорд најави дека целта е да се произведе еден милион дози од вакцината, и ако се покаже ефикасна, во следните 12 до 18 месеци, да биде достапна до здравствените лица ширум светот.

Професорката Сара Гилберт, водечки научник во програмата, рече дека е „80% убедена“ дека вакцината ќе функционира.

Истражувачите велат дека ако нема конкретни резултатите во Британија, тогаш новите тестирања може да се префрлат во друг дел од светот, каде вирусот порапидно се шири.

Етичките прописи, генерално, им забрануваат на научниците да вбризгуваат инјекции со сериозни зарази врз здрави пациенти.

Досега, беа направени повеќе од 100 обиди за развивање на вакцината за коронавирусот, но само неколку тестови беа извршени врз луѓе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG