Линкови за пристапност

Претседателот и републиканците во ќорсокак


Претседателот и републиканците во ќорсокак
Претседателот и републиканците во ќорсокак

Поради тоа милиони Американци во опасност да плаќаат поголем данок наредната година.

Милиони Американци или ќе плаќаат поголем данок на примањата, или ќе го загубат осигурувањето поради невработеност, доколку не биде надминат политичкиот ќорсокак во Вашингтон.

Претставничкиот дом вчера не гласаше за предлог-законот за привремено продолжување на даночното скратување за платите. Наместо тоа, Домот побара нова рунда преговори за продолжување на скратувањето на една година.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Бејнер изјави дека републиканските законодавци го завршиле својот дел од работата, префрлајќи ја вината на законодавците во Сенатот.

Одлуката на Претставничкиот да не гласа за мерката што веќе мина во Сенатот предизвика остра реакција на претседателот Барак Обама, кој побара Бејнер и другите републиканци во Претставничкиот дом да ја остават настрана политиката и прашањата околу кои има фундаментални несогласувања и да се согласат на скратувањето, бидејќи за него може да биде постигната согласност. На Американците им е преку глава од политички игри и заслужуваат многу повеќе од тоа, рече Обама.

Сенатските лидери потенцираа дека немаат намера да преговараат за евентуален нов договор пред крајот на годината.

Белата куќа предупреди дека 160 милиони Американци од 1-ви јануари наредната година ќе плаќаат 1.000 долари годишно повеќе данок на примањата доколку Претставничкиот дом не ја изгласа мерката до крајот на оваа година.

XS
SM
MD
LG