Линкови за пристапност

САД под стега на рекорден студ


САД под ременот на студот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

САД под ременот на студот

Во Интернешанал Фолс, Минесота, -29 степени Целзисуови, постудено и од Јужниот Пол!

САД утрово се пробудија под стега на рекордни температури под нулата, толку ниски што Вашингтон, со -14 степени Целзиусови, е топло место, во споредба со некои на Средниот Запад.

Главниот виновник - поларниот вортекс: студената и густа воздушна маса што наместо да се врти на вообичаеното место - Северна Канада, појде јужно. Толку јужно што температури под точката на мрзнење има во сите американски сојузни држави, освен Хаваите.

Метрополите на источниот брег и Средниот Запад добро под нулата: во Бостон -11, Њујорк -13, Филаделфија -14,Чикаго, Индијанаполис и Минеаполис -23. Но, што да кажат жителите на Интернешанал Фолс, во Минесота, каде владеат -29 степени Целзисуови, постудено и од Јужниот Пол! Силните ветришта само ја прават ситуацијата полоша и постудена.

Според проценките, парализирачкото и опасно по живот невреме зафатило најмалку 180 милиони жители. Во близина на Чикаго, замрзнаа три воза, не додржаа локомотивите. Сообраќајот насекаде е отежнат – практично невозможно е да се контролираат возилата на замрзнатите автопатишта. Бројни летови се откажани летови, а патинците затекнати на аеродромите. Училиштата затворени, од Минесота на север, до Атланта на југ.

Добрата вест? Метеоролозите сметаат дека подоцна неделава ќе се врати нормалната зима, со вообичаени температури за ова време на годината.
XS
SM
MD
LG