САД ги зафати најстудено време во последните 20 години.
Националната метеоролошка служба соопшти дека воздушната маса што се прошири над поголемиот дел на земјата е опасно студена и издаде предупредување за ниски температури од Северна Дакота и Њујорк на север, па се` до Алабама на југ.
Карл Ериксон, метеоролог на „АкуВедер“, за Гласот на Америка изјави дека студените ветришта во метрополите на источното крајбрежје може да ја симнат температурата и до -30 степени Целзиусови под нулата, а во Монтана и Северна Дакота и до -50.
„Добрата вест е што овој интензивен студен воздушен систем нема долго да трае. Уште во среда ќе заслабнат ветриштата, студеното време ќе попушти, и, иако нема да дојде до големо затоплување, сепак ќе биде подобро“, прогнозира Ерискон.
Според метеорологот, во четврток и петок температурата треба да се врати на просечното ниво за ова време на годината.
Студот, но и снегот, што на некои места на Средниот Запад достигна 30 сантиметри, создадоа опасни услови на патиштата. Откажани се илјадници авионски летови, а не работат и голем број на училишта.