Линкови за пристапност

Родови предрасуди влијаат во трката за претседател


Дали САД ќе направат исчекор во изборот?

Овогодишната изборна кампања е необична од многу аспекти, но еден е особено специфичен. За прв пат поголема американска партија номинираше жена за претседателски кандидат.

Со оглед на тоа што САД постојано работат на промоција и унапредување на правата на жените низ светот, се поставува прашањето зошто толку долго се чекаше жена да стане кандидат за претседател и како тоа влијае на јавното мислење?

Ставови и родови предрасуди

Критицизмот е длабоко вкоренет во родовите предрасуди и сексизмот. Мишел Сверс, професорка на Универзитетот „Џорџтаун“ и ко-автор на „Жени во клубот“ вели дека во принцип повеќето луѓе асоцијација за цврстина и лидерство гледаат во мажите.

„Од жените во политиката се очекува да ги поседуваат тие машки карактеристики на лидер, но истовремено да бидат и женствени“, вели Сверс.

Според неа,Клинтон често пати е критикувана поради тоа што е ладна и одмерена.

Но, од друга страна пак кога ќе ја покаже понежната женска страна предизвикува спротивна реакција, вели Соња Мишел, професорка на Универзитетот во Мериленд.

„Колку повеќе се труди да ги избегне овие критики, толку повеќе може да се чујат коментари од типот „Па дали е доволно силна? Дали е доволно подготвена? Како ќе опстои на светската сцена?“

Улогата на политичкиот систем

Причините што толку долго време се чекаше жена да стане кандидат за претседател во САД се различни и комплексни. Еден од факторите е и начинот на кој функционира американскиот политички систем.

„Кога станува збор за претседателските номинации, не само што треба да се борите во партијата, туку треба да создадете и своја коалиција на донори, врски со останатите лидери на партии итн. До сега на тоа поле доминираа мажите, така што за жена е потешко да ги воспостави тие врски и да се пробие“, вели Сверс.

И токму затоа првата жена која успеа во тоа е поранешна Прва дама, сенаторка и државна секретарка.

„Во Европа посебно во земјите во кои има парламентарни системи, луѓето гласаат за партијата. Не мора да значи дека гласаат за кандидатот, или, пак, за личноста која ќе стане премиер“, вели Свер, која своето истражување го фокусира на историјата на жените и родовата нееднаквост.

Како пример ги посочува Маргарет Тачер и Тереза Меј во Британија, како и Ангела Меркел во Германија.

Двоен стандард е фраза што луѓето ја разбираат дури и во земји кои ги водат жени. Дори Торибио, дописник на Вашингтон за шпанскиот медиум „Медиасет“ вели дека она што се случува во САД веќе долго време се случува и во Европа.

„Луѓето имаат претстава дека се многу цврсти што е нефер, а тоа е така само поради тоа што се во позиција на моќ“, вели Торибио.

Двојни стандарди и легитимен критицизам

Професорката Сверс потенцира дека критиките упатени кон Клинтон не се базирани само на родови предрасуди. „Мислам дека критиките поврзани со меиловите и донациите за кампањата на фондацијата на Клинтон се легитимни затоа што ги адресираат прашањата на транспарентност, чесност, карактерот на идниот лидер, така што ова се прашања што биле адресирани и кон претходните кандидати“.

Но, како и да е, вели Сверс, лесно тие прашања може да бидат поставени со родови предрасуди, затоа што од жените - кандидатки се очекува да бидат почесни, поверодостојни и подопадливи.

И многу поподготвени, додава Торибио. „Тоа е кога станува збор за жените во политиката. Мора да бидат постари, поцврсти и според мене мора да бидат 10 пати подобри од мажите за воопшто да стигнат до таму. Мора постојано да се докажуваат“.

Различните реакции за Клинтон ја рефлектираат разновидноста и различноста на културата на една голема земја. На 9-ти ноември, светот ќе знае дали гласачите во САДја изгласалепрвата жена претседател, и дали големиот број на досегашните родови предрасуди ќе бидат конечно урнати.

XS
SM
MD
LG