Американските весници наведуваат дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) собира податоци за праќање на пари во странство, под истиот закон што Агенцијата за национална безбедност (НСА) го користела за да собира телефонски и Интернет-податоци.
Њујорк тајмс и Вол Стрит џурнал денес објавија дека поранешни и сегашни американски официјални лица, кои побарале да останат анонимни, потврдиле дека постои програма за следење на финансиски транасакции. Написите наведуваат и дека програмата е опфатена со законот Патриотски акт, донесен по терористичките напади врз САД на 11-ти септември 2001-ва.
Компанијата за испраќање на пари Вестерн јунион, спомената во написот на Њујорк тајмс, не потврди дека учествува во програмата, но затоа коментираше дека ги следи законите на федерално ниво што налагаат банките да пријават сомнителни трансакции. Њујорк тајмс цитира официјално лице според кое пред да се изврши пребарување на таква транасакција, потребно е да постои поврзаност со терористичка организација, како и дека резултатите од пребарувањето мора да се избришат по извесен број на години.
Обемот на владиното собирање на податоци излезе на виделина откако Едвард Сноуден, поранешен работник под договор на НСА, нешто порано годинава достави податоци до Интернет-страницата ВикиЛикс. Владата на Обама реагираше дека следењето на телефонски и Интернет-податоци е од клучно значење за националната безбедност.
Њујорк тајмс во денешниот напис навестува дека има информации според кои на виделина ќе излезат и други програми за следење на податоци.