Линкови за пристапност

Од глад годишно умираат 2,6 милиони деца


Од глад годишно умираат 2,6 милиони деца
Од глад годишно умираат 2,6 милиони деца

Неисхранетоста е игнориран проблем, стои во најновиот извештај на „Спасете ги децата“.

Од глад, годишно во светот умираат 2,6 милиони деца, или 300 секојдневно, стои во новиот извештај на „Спасете ги децата“, врз основа на истражувањето направено во декември минатата и јануари оваа година.

Меѓународната организација наведува дека и покрај глобалните напори против гладта, неисхранетоста и натаму е игнориран проблем што загрозува четвртина од децата во светот.

Растечките цени на храната се причина децата во голем број земји да го прекинат образованието за да му помогнат на семејството, наведува „Спасетет ги децата“ Во многу случаи, неисхранетоста не е резултат на недостигот на храна, туку на фактот дека семејствата немаат доволно пари за квалитетна и здрава исхрана.

XS
SM
MD
LG