Најстариот син на починатиот кубански комунистички лидер Фидел Кастро, извршил самоубиство по месеци лекување од депресија, јавија државните медиуми. Имаше 68 години.
Фидел Кастро Диаз-Баларт бил во мошне депресивна состојба, објави државната телевизија. Неговото лекување барало хоспитализација и третмани.
Фиделито или „малиот Фидел“, бил познат во државата по неговата сличност со татко му, студирал нуклеарна физика во поранешниот Советски Сојуз и бил советник за научни прашања во државниот совет на Куба.
Кастро Диаз Балард бил потпретседател на кубанската Академија на науките и ја предводел нуклеарната програма на Куба од 1980-та до 1992-ра година.
Малиот Кастро секогаш бил верен на комунистичките идеали на неговиот татко.
Ова се случува само една година по смртта на неговиот татко, кој почина на 25-ти ноември 2016-та, на 90-годишна возраст.
Facebook Forum