Линкови за пристапност

Британија го вакцинира првиот жител против Ковид-19


Одобрувањето уследи неколку недели откако Фајзер потврди повеќе од 90 % ефикасност во последната фаза од клиничкото испитување.

92-годишната жителка во Пензионерски дом Маргарет Кинан ја прими првата од двете дози од вакцината против Ковид-19, што ја произведоа заеднички - американскиот фармацевтски гигант Фајзер, и германскиот БиоНТек.

Кампањата за вакцинација на населението, окарактеризирана како „Денот В“, од министерот за здравство Марк Хенкок, почна речиси една недела откако владината здравствена регулаторна агенција ја одобри во итна постапка вакцината против коронавирусот, со што Британија стана првата земја во Западна Европа што ќе почне масовна вакцинација.

Одобрувањето уследи неколку недели откако Фајзер потврди повеќе од 90 % ефикасност во последната фаза од клиничкото испитување.

Британија прими 800.000 дози во неделата од Фајзер и БиоНТек, првата фаза од нарачаните вкупно 40 милиони дози.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG