Линкови за пристапност

Две вакцини пред одобрување во САД, 4 од 10 Американци не би ги примиле


Според една национална анкета 4 од 10 луѓе велат дека одбиваат да ја примат вакцината зашто или општо се сомничави во однос на вакцините или, пак, конкретно се сомничави во однос на вакцината за корона вирус.

Во четврток американските здравствени регулатори ќе одржат средба на која треба да одлучат дали ќе одобрат итна употреба на вакцината на Pfizer / BioNTech, а една недела подоцна ќе биде дискутирана и вакцината која беше развиена од Moderna.

Државниот секретар за здравство, Алекс Азар, во изјава за телевизијата Фокс Њус рече дека доколку панелот на експерти на Администрацијата за храна и лекови ја одобри вакцината, неколку часа подоцна може да почне вакцинацијата на здравствените работници.

Американските власти веќе имаат одлучено дека вработените во здравствениот систем и итните служби како и вработените и жителите на пензионерските домови се под најголем ризик да бидат инфицирани и ќе бидат први кои ќе бидат вакцинирани.

Азар рече дека 30 до 40 милиони дози од вакцината ќе бидат достапни до крајот на годината, а милиони дополнителни дози ќе бидат произведени во првата половина од 2021-та.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден вели дека неговиот транзициски тим нема видено „детален план“ за дистрибуција на вакцините, на што Азар одговори „со должна почит, но тоа е бесмислено, ова е микроменаџирано од страна на администрацијата на Трамп.“

Според една национална анкета 4 од 10 луѓе велат дека одбиваат да ја примат вакцината зашто или општо се сомничави во однос на вакцините или, пак, конкретно се сомничави во однос на вакцината за корона вирус.

Но, Азар вели дека „позитивните искуства“ на луѓето кои ќе се вакцинираат ќе поттикнат повеќе луѓе да ги примат неопходните две дози од имунизацијата.

Бајден минатата недела рече дека кога ќе биде инаугуриран на 20-ти јануари ќе побара од Американците да носат маски 100 дена во обид да се намали ширењето на вирусот.

XS
SM
MD
LG