Линкови за пристапност

Пахор: Почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ, веднаш и без одлагање


Претседателот на Словенија во посета на Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:47 0:00

Претседателот на Словенија во посета на Скопје

Словенечкиот претседател во Скопје

„Меѓувладината конференција која претставува почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ да се одржи веднаш и без одлагање. Ова е прилика што Унијата не смее да ја пропушти. Не можам да кажам колку е тоа битно“, ова беше главната порака на словенечкиот претседател што тој денеска ја прати во Скопје.

Борут Пахор смета не треба да има какво било одложување зашто тоа, според него, може да ги загрози интересите и целите и на Македонија и на Унијата.

Мојата посета не е случајна, не е случајно ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да потенцирам дека сега е вистинската прилика да не се одложи меѓувладината конференција на Северна Македонија со Европската комисија.
Борут Пахор, претседател на Словенија


„Мојата посета не е случајна, не е случајно ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да потенцирам дека сега е вистинската прилика да не се одложи меѓувладината конференција на Северна Македонија со Европската комисија. Разбирам дека некои соседни држави се колебаат, но сакам отворено и јасно да кажам дека сега е вистинското време за солидарност меѓу членките на ЕУ, како и за целата дипломатска вештина која треба да стори сé за меѓувладината конференција да почне без одложување. Словенија сега не го повикува Брисел да направи чекор, туку сум тука, во Скопје, за да зборувам само за една држава, зашто сé уште важи индивидуалниот пристап.“, изјави Пахор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG