Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека Русија наводно планира да изведе воена акција врз Украина и ја предупреди Москва за последиците ако се движи кон акти на агресија.
„Длабоко сме загрижени за доказите дека Русија има планови за значителни агресивни чекори кон Украина, кои што вклучуваат планови за дестабилизирање на Украина, како и армиски операции од голем размер, изјави Блинкен во Рига, на средбата со министрите на НАТО.
Блинкен рече дека изминатите недели Москва презема интензивни подготовки кои што вклучуваат распоредување десетици илјадници дополнителни трупи на границата со Украина.
Тој го предупреди Кремљ дека “ќе возвратиме одлучно, вклучувајќи и широк опсег на економски мерки кои што се воздржуваме да ги искористиме во минатото“.
Оценките на Блинкен доаѓаат кусо време откако министрите на НАТО изразија солидарност против било каква руска агресија кон Украина, и САД ги потврдија плановите на Блинкен да одржи средби со своите колеги од двете земји.
Официјален претставник на Стејт департментот потенцираше дека средбите со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров ќе бидат во Стокхолм, Шведска, во четврток, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ.
Кулеба ги повика НАТО да усклади тристрана стратегија која ќе ја одврати Русија од агресивни потези, а која вклучува економски санкции и јакнење на воената поддршка за Украина.
И Русија и Украина изминатите денови меѓусебно се обвинуваат за масовно стационирање војници на меѓусебната граница. Русија изврши инвазија врз Крим во 2014-та и ги поддржува сепаратистичките борци кои војуваат во источна Украина.
Facebook Forum