Линкови за пристапност

Блинкен: Алијансата мора да зајакне за да се справи со новите глобални закани


„САД се подобри со справување со предизвиците со партнерите, отколку тоа да го прават сами. Ѝ, истото може да го кажат и нашите сојузници“, потврди првиот дипломат на САД.

Државниот секретар Ентони Блинкен во Брисел ја истакна зголемената заложба на администрацијата на претседателот Бајден во реизградба и ревитализација на врските со сојузниците во време на бранот глобални предизвици поврзани со пандемијата со Ковид-19, но и „растечкото агресивно однесување од Кина“.

Тој пред колегите од НАТО посочи дека најновото истражување од „Алијансата Чикаго“ покажа дека 90% од Американците сметаат дека одржувањето на сојузништвото е најдобар начин за Америка да ги постигне зацртаните цели во надворешната политика.

„САД се подобри со справување со предизвиците со партнерите, отколку тоа да го прават сами. Ѝ, истото може да го кажат и нашите сојузници“, потврди првиот дипломат на САД.

Блинкен и Столтенберг во Брисел
Блинкен и Столтенберг во Брисел

Тоа е дел од неговата порака за време на неговата прва посета на Европа откако стана шеф на американската дипломатија, покажувајќи промена од четиригодишната надворешна политика на поранешниот претседател Трамп, која се фокусираше на ставање приоритет на интересите на САД.


Обраќањето доаѓа на последниот ден од дводневниот министерски состанок на НАТО, за време на кој Блинкен одржа голем број разговори со неговите колеги.

Средби на Блинкен со колегите во НАТО
Средби на Блинкен со колегите во НАТО

Блинкен ги предочи главните категории на закани во светот – армиски, технолошки, и кризи како пандемијата со Ковид-19 и климатските промени.

Тој изјави дека новите закани како користењето на технологијата од страна на Кина и Русија за пристап до заедничките пазари и другите „клучни ресурси“, ги разнишаа долгогодишните сојузништва изминатите години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG