Првата средба меѓу американската и кинеската виша делегација откако Белата куќа ја презеде администрацијата на претседателот Џо Бајден во Енкориџ, сојузната држава Аљаска почна со манифестирање на билатерална напнатост при што двете страни се обвинуваа за меѓусебните политики спрема другиот, пренесе агенцијата Ројтерс.
Средбата во Енкoриџ, Алјаска следеше по посетата на американски виши претставници кај сојузниците Јапонија и Јужна Кореја, како продолжување на покажувањето на цврстиот став на Вашинтон, кон неодамнешните политики од Пекинг.
„Ќе дискутираме за нашата длабока загриженост за некои потези од Кина, вклучувајќи го Џијанџаг, Хонг Конг, Тајван, кибернетските напади врз САД, економскиот притисок од Пекинг врз нашите сојузници“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред новинарите во присуство на кинескиот колега.
„Сите овие акции се закана за владеењето на правото и ја поткопуваат глобалната стабилност“, изјави Блинкен.
Администрацијата на Бајден стави јасно до знаење дека бара промена на однесувањето од Кина, при што изрази надеж дека ќе уследи обновување на односите со Пекинг, кои што драстично беа влошени во мандатот на поранешниот претседател Трамп.
Министерот за надворешни односи на Кина Јанг Јеичи одговори со 15-минутна изјава на мандарински јазик, обвинувајќи ги САД за пад на демократските процеси, лош третман на малцинствата и критика кон надворешната и трговска политика на Вашингтон.
Facebook Forum