Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин пристигнаа во Јужна Кореја, откако ја предупредија Кина дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе одговори на нејзините притисок и агресија во регионот.
Блинкен и Остин го напуштија Токио раноутрово, по разговори со јапонските колеги за зацврстување на Транспацифичкото партнерство, во време на зголемена сила на Кина и Северна Кореја.
Во заедничка изјава, Блинкен вети дека администрацијата на Бајден ќе возврати, доколку е потребно, кога Кина ќе применува агресија.
Остин, пак, предупреди на невидени предизвици од Северна Кореја и Кина, веднаш по пристигнувањето во Јужна Кореја.
„Сојузништвото меѓу САД и РОК никогаш не било поважно“, рече Остин, користејќи кратенки за официјалните имиња на Северна и Јужна Кореја.
Ова е прво големо дипломатско патување на високи претставници на администрацијата на Бајден, истакнувајќи ја желбата за обновување на партнерствата, што официјални лица на Белата куќа велат дека биле отежнати за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Facebook Forum