Линкови за пристапност

Блинкен ќе говори за политиката на САД кон Африка за време на посетата на Нигерија


Степенот на демократијата беше клучна тема на првата станица на Блинкен во Кенија, при што на група активисти за човекови права, им порача дека светот се наоѓа во рецесија кога станува збор за демократијата.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ќе донесе главен говор за политиката на администрацијата на Бајден кон Африка за време на престојот во Нигерија, втора станица од турнејата по три земји на Континентот.

Стејт департментот објави дека Блинкен ќе има средби со нигерискиот државен врв – министерот за надворешни работи Џефри Ониесама, како и со претседателот Махамаду Бухари и потпретседателот Јеми Осинбајо, по пристигнувањето во главниот град Абуџа.

Меѓу темите за кои ќе стане збор е понатамошна соработка врз глобалното здравје, проширување на енергетскиот пристап и економскиот растеж, како и ревитализирање на демократските процеси.

Степенот на демократијата беше клучна тема на првата станица на Блинкен во Кенија, при што на група активисти за човекови права, им порача дека светот се наоѓа во рецесија кога станува збор за демократијата.

Блинкен предупреди дека демократии како Кенија, стануваат особено ранливи на дезинформации, корупција, политичко насилство и заплашување на гласачите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG