Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека САД и сојузниците ќе одговорат одлучно ако Русија изврши понатамошна инвазија врз Украина.
Во телефонски разговор, Белата куќа објави дека двајцата лидери дискутирале за дипломатските напори за намалување со напнатоста со распоредувањето голем број руски војници на источната граница со Украина.
Бајден и Зеленски дискутирале за мерките за „де-ескалирање на напнатоста во Донбас, и активирање на дипломатијата за имплементирање на Договорите од Минск“, објави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.
Бајден ја реафирмирал заложбата на САД кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Зеленски преку твит истакна дека „двајцата лидери дискутирале за заеднички акции на Украина, САД и партнерите за одржување на мирот во Европа“, спречување понатамошна ескалација, реформи и сузбивање на олигархијата.
„Ја поддржуваме безрезервната поддршка кон Украина“, изјави Зеленски.
Лидерите на САД и Русија имаа 50-мините телефонски разговор минатиот четврток, и Бајден го предупредил Путин дека САД и западните сојузниците ќе воведат значителни економски санкции против Москва, ако рускиот претседател изврши понатамошна инвазија врз Украина. Бајден минатиот месец, рече дека не разгледува воен одговор.
Москва го припои Крим во 2014-та, а Западот возврати со воведување полабави санкции.
Facebook Forum